Британката која прими вакцина за ковид-19 рече дека е добро, по гласините дека починала

Лажна статија за смртта на Елиса Гранато беше објавена на социјалните медиуми.

1,612

Една од првите луѓе кои што ја примиле вакцината против коронавирусот во Велика Британија, изјавила дека таа се чувствува добро, откако на социјалните мрежи се појави лажна статија за нејзината смрт, објави „Гардијан“.

Статијата тврди дека микробиологот д-р Елиса Гранато, кој учествуваше на проектот во Оксфорд во четвртокот, починала по компликациите по земањето на вакцината.






Владата подоцна потврди дека статијата е „целосно невистинита“ и ги предупреди луѓето за споделување на неосновани тврдења преку Интернет.

Гранато беше едно од двете лица кои што учествуваа во процесот и рече дека е возбудена да ги поддржи напорите со волонтирање.

Следејќи го написот за нејзината „смрт“, таа на твитер сподели:

– Се будиш и гледаш лажна вест за својата смрт. Јас сум добро, да знаете сите. Ве молам да не ја споделувате лажната вест, да не им давате внимание и кликови. Наместо тоа, вдомете си некоја слатка мачка.

 

Поврзани содржини