БРИТАНКА E ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ДЕБАР МААЛО Телото било предадено на обдукција
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје, соопшти полицијата.
На улицата Михаил Цоков во скопско Дебар Маало вчера било пронајдено телото на 58-годишна жена од Велика Британија, со иницијали Г.Ф.Д., соопшти МВР.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје“, соопшти полицијата.