Британија ќе се соочи со недостиг на храна летово

Недостигот на работници во магацините и центрите за преработка на храна влијае и на пакувањето храна за супермаркетите.

423

Велика Британија ќе се соочи со недостиг на храна во текот на летото, предупреди Асоцијацијата за товарен превоз. Причината е недостиг од околу 100.000 возачи на камиони поради ковид-19 и Брегзит.

Во писмото до Борис Џонсон, претставниците на превозниците го повикаа премиерот на итна интервенција за да им се овозможи на возачите од Источна Европа да се вратат во земјата со специјални визи, слични на сезонските работници, предупредувајќи на криза во синџирот на снабдување.






Тие додаваат дека недостигот на работници во магацините и центрите за преработка на храна влијае и на пакувањето храна за супермаркетите.

Шефовите на супермаркетите „Tesco“ минатата недела се состанаа со заменик-министерот за транспорт лејди Веир и ја предупредија дека поради слободните работни места фрлаат 48 тони храна секоја недела.

Поврзани содржини