Британците „гладни“ влегуваат во ЕУ! Полицијата им ги запленува сендвичите (ВИДЕО)

Во прилогот објавен од холанската телевизија „1В“ се гледа како полицаец го прашува возачот дали во пакуваниот сендвич има месо.

954

Холандската гранична полиција ги запленува сендвичите кои содржат сувомеснати производи од Британците кои влегуваат во Холандија, а откако стапија на сила новите правила предвидени со „Брегзит“, објави „Би-Би-Си“.

Повеќе британски медиуми ги пренесуваат снимките од Холандија на кои може да се види изненадувањето кај британските патници, кои според новите правила не смеат да внесуваат сувомеснати и млечни производи во ЕУ, но и други видови храна.






Во прилогот објавен од холанската телевизија „1В“ се гледа како полицаец го прашува возачот дали во пакуваниот сендвич има месо.

Кога возачот потврдно одговара, полицаецот вели: – Во ред, ќе ви го земеме.

Изненадениот возач потоа прашува дали може барем да го задржи лебот, а полицаецот одговора:

– Не, сѐ ќе земеме. Добредојдовте во Брегзит, жал ми е.

Поврзани содржини