БРИТАНЦИТЕ ЌЕ ДЕПОРТИРААТ 700 АЛБАНСКИ СЕМЕЈСТВА, СОСЕ ДЕЦА Toa ќе биде болна и политички деликатна акција

Последните неколку години на британско тло илегално пристигнале над 20 илјади албански граѓани, главно од северниот дел на земјата.

250

Министерката за внатрешни работи на Обединетото Кралство од лабуристичката партија, Шабана Махмуд, само неколку месеци по преземањето на функцијата, го претстави најобемниот план за реструктуирање на системот за азил во последните 40 години, а во неговиот центар се и околу 700 албански семејства чии барања за азил се одбиени, објави Топ чанел.

Има околу 700 албански семејства чии барања за азил се одбиени, но нивното депортирање во моментов не се спроведува од страна на Министерството за внатрешни работи, и покрај тоа што Албанија има златен стандард за соработка со Обединетото Кралство за враќање и е потписничка на Европската конвенција за човекови права. Ќе започнеме консултации за процесот на депортирање на семејствата, вклучително и децата – изјави Махмуд во британскиот парламентот, додека ги презентирала драстичните измени во законот за имиграција.






Според Топ чанел, мерките предизвикале загриженост дури и во самата Лабуристичка партија, која признава дека депортацијата на деца и семејства се смета за „болна и политички деликатна“.

– И покрај тоа што од страна на Обединетото Кралство, Албанија се смета за сигурен партнер во враќањето на граѓаните, нашата земја се врати во центарот на британската дебата за миграцијата – констатира телевизијата.

Последните неколку години на британско тло илегално пристигнале над 20 илјади албански граѓани, главно од северниот дел на земјата.

Поврзани содржини