Излез од оваа ситуација во која се наоѓаме гледаме во предвремени парламентарни избори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претставници на Стопанската комора на Северозападна Македонија.
– Се наоѓаме во услови на голем криминал, голема корупција, неспособност, немање реформи, Влада која не може да испорача и единствено логично решение гледаме во предвремени парламентарни избори – рече Мицкоски.
Тој посочи дека во исто време потребно е да се интервенира и во Изборниот законик.
– Потребно е распуштање на парламентот, интервенција во Изборниот законик, бришење на техничка влада и избори на есен – посочи Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали изборите се решение.