БРИСЕЛ СО КОВИД-МЕРКИ КАКО СКОПЈЕ Ќе се бараат сертификати во затворени простори и на собири
Сертификатот луѓето од Брисел ќе можат да го добијат со доказ дека примиле две дози вакцина против коронавирусот, дека го прележале или дека се негативни на ПЦР-тест. Примената ќе почне од октомври, а од средината на истиот месец ќе почнат и редовни контроли со санкции за објектите и гостите кои не ги почитуваат правилата.
Слично како и Македонија, соседите и многу европски земји, градот Брисел воведува „Ковид сејф тикет“, или скратено КСТ, кој ќе се бара во сите затворени простори кај што има над 50 лица и на сите јавни места и собири кај што ќе има повеќе од 200 лица, јавува МИА.
Сертификатот луѓето од Брисел ќе можат да го добијат со доказ дека примиле две дози вакцина против коронавирусот, дека го прележале или дека се негативни на ПЦР-тест. Примената ќе почне од октомври, а од средината на истиот месец ќе почнат и редовни контроли со санкции за објектите и гостите кои не ги почитуваат правилата.
Брисел е единствениот град во Белгија засега кој го презема овој чекор поради исклучително лошите бројки на вакцинирани во регионот, и поради растот на бројот на новозаразени.