Холивудската ѕвезда Бред Пит одлучи да ги „следи чекорите“ на својата поранешна сопруга Џенифер Анистон, па му донира милион американски долари на здружението за човекови права „Боја на промена“ (Color of Change).
Потсетуваме, Џенифер истата сума како Бред ја донираше минатата недела, по ескалирањето во САД по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
– Бред навистина се вклучи во донирањето заради Џен и рече дека сака да донира толку пари колку и таа – изјави извор за „Мирор“, додавајќи: „Тој отиде на протестите оваа недела и беше во нејзината куќа следниот ден. Обајцата се многу страсни и сакаат да помогнат колку што можат“.