📷 БРАЗИЛСКАТА УБАВИЦА КОНЕЧНО ГО ПОКАЖА СВОЈОТ СИН Жизел се породи на 45 години и сите се чудат како изгледа

Светскиот супермодел Жизел Бундшен ја објави првата фотографија од својот син на Инстаграм, а причината е повеќе од емотивна.

211

Светскиот супермодел Жизел Бундшен ја објави првата фотографија од својот син на Инстаграм, а причината е повеќе од емотивна.

Имено, бразилската убавица неодамна го прослави Денот на мајките со своите најблиски- децата и партнерот Јоаким Валенте, а семејната атмосфера ја забележаа со фотографија.






Токму фотографијата ги освои срцата на обожавателите, бидејќи Жизел штотуку ја објави првата фотографија од синот што го доби со својот партнер Јоаким на почетокот на февруари оваа година.

Како што можете да видите, манекенката позирала со своите деца и со партнерот, а компилацијата од фотографии ја објавила на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)


Новородениот син пристигна како награда и утеха. Бундшен ја загуби мајка си минатата година.

– Тука беше тивко, но сум многу зафатена со реалниот живот. Понекогаш најубавите моменти не се споделуваат – тие едноставно се живеат. Во последно време, ги прифаќам побавните ритми, вистинските врски, убавината на лекциите што доаѓаат со присуството. На Денот на мајките, особено ми недостасува мајка ми, но срцето ми е полно. Патувањето што ме прави понизна, ме учи и ме исполнува со благодарност секој ден – пишува Жизел.

Таа имала посебна порака за сите мајки.

„До сите мајки, вашата љубов го обликува светот на начини што зборовите не можат да ги опишат. Ве гледам, ве почитувам. Среќен Ден на мајките! Ви испраќам толку многу љубов“, заврши таа.

Инаку, убавата Бразилка има две деца од претходниот брак со легендата на американскиот фудбал Том Брејди. Двајцата се разведоа во 2022 година, а Жизел ја наговести и причината во една прилика.

„Јас имам деца и би сакала тој да биде повеќе присутен. Постојано водев вакви разговори со него. Но, на крајот на краиштата, сметам дека секој мора сам да донесе своја одлука. И тој треба да ја следи својата среќа“, изјавила Жизел Бундшен своевремено за списанието „Ел“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Поврзани содржини