БРАТОТ НА ЗАЕВ И ЉУБАВИ НА СТЕВО СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ГО ИЗБРИШАЛ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Лефков прашува дали Заев и Филипче лично стојат зад предлогот за бришење од Резолуцијата во Стразбур
Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот, изјави денеска Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
-„Бојко љубави, те поздрави Зоки“ дипломатијата на СДС ја доведе Македонија до бришење на македонскиот идентитет и јазик од Резолуцијата на ЕП. Откако Бојко Борисов вчера се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик се поставува прашањето каква е улогата на СДС, на Зоран Заев и Венко Филипче во сето тоа? Особено треба да имаме предвид дека Зоран Заев за Борисов велеше дека му е брат, а Стево Пендаровски му пренесуваше поздрави на Борисов од Заев ословувајќи го „Бојко љубави“. Дополнително истиот тој Зоран Заев велеше дека македонскиот народ и бугарскиот се исти, и дека зборуваат ист јазик. Кога ќе се земе сето ова предвид, се поставува логичното прашање, дали СДС, Зоран Заев и Венко Филипче лично стојат зад предлогот за бришење на македонскиот јазик и идентитет од Резолуцијата на Европскиот парламент? – праша Лефков и додаде дека СДСМ и бугарските печурки во Македонија како Андреј Жерновски, ја напаѓаат Владата на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски.
Жално е, додаде Лефков, што СДСМ наместо да ги искористи своите позиции за да лобира за Македонија, ги штити бугарските интереси.