БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ СТАНА ДЕДО Внукот ќе го носи дедовото име

Поранешниот претседател и премиер на Македонија и поранешен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, стана дедо откако неговиот син Љупчо викендов стана татко на синче, кое, според најавите од семејството, би требало да биде крстено по дедото Бранко, пренесува порталот Вечер.

1,295

Неизмерна е радоста во семејството на Бранко Црвенковски.

Поранешниот претседател и премиер на Македонија и поранешен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, стана дедо откако неговиот син Љупчо викендов стана татко на синче, кое, според најавите од семејството, би требало да биде крстено по дедото – Бранко.






Бранко Црвенковски и сопругата Јасна имаат две деца, син Љупчо и ќерка Марија. Синот е оженет со ќерката на поранешниот директор на Комерцијална банка Скопје, Драгољуб Арсовски, кој, во времето на Владата на СДСМ во 2002-2004, ја водеше Комерцијална банка додека Хари Костов беше министер за внатрешни работи.

Поврзани содржини