БРАКО СЕ ШИРИ Фирмата гради хала поради зголемено производство (ВИДЕО)

Зголемените нарачки од клиенти од целиот свет ја отворија потребата од проширување на линијата и од нов простор за производните активности.

133

Велешката фабрика Брако почна со изградба на нова хала во која ќе се прошири производството на возила за одржување хигиена во урбани средини. Зголемените нарачки од клиенти од целиот свет ја отворија потребата од проширување на линијата и од нов простор за производните активности.

Халата ќе се протега на површина од 4500 м2, ќе се гради во наредните две години и ќе чини повеќе од 2,5 милиони евра. Новиот работен простор ќе овозможи проширување и на производството на метални конструкции и елементи, а ќе содржи и административни простории, менза и други модерно опремени простории.






Брако постојано вложува во капитални инфраструктурни проекти со кои ги зголемува ефикасноста, ефективноста и продуктивноста, а со тоа и конкурентноста на компанијата на меѓународните пазари.

Поврзани содржини