БРАКО ОСТВАРИ НОВ ИЗВОЗ Испорача 17 возила во САД и во Обединетото Кралство

Повеќе од половината од нив се електрични возила, додека останатите се возила на класичен погон.

101

Во текот на април БРАКО испорача 17 возила за одржување хигиена во урбани средини во САД и Обединетото Кралство.

Повеќе од половината од нив се електрични возила, додека останатите се возила на класичен погон.






– Овој пат клиентите имаа најголем интерес за моделите со рачно управување, во кои е вграден најсовремен систем за рециркулација на воздухот со што е зголемен капацитетот за филтрирање на прав и за три пати е зголемена ефикасноста за собирање на штетни честички – велат од компанијата.

Интерес има и за класичните ,,636″ машини, од серијата која е надградена по највисоки европски и светски стандарди и за која неодамна е добиен ТУВ сертификат од Германија како потврда за меѓународен квалитет.

Поврзани содржини