Општина Велес набави две електрични возила произведени од „Брако“ за одржување хигиена на градските улици.
– Стручните лица од нашата фабрика ги предадоа возилата и извршија обука на лицата кои ги презедоа и ќе работат со нив. Горди сме нашата компанија имаше најдобра понуда и по квалитет и по цена и што брендот на „Брако“ – „Грин Машинс“, ќе придонесува за почист Велес. Возилата кои ги произведуваме се со највисок квалитет, најповолна цена, и со најбрз обезбеден сервис и делови – велат од „Брако“.
Електричниот модел од серијата 400 е целосно развиен од тимот на инженери во „Брако“, а во него е вграден најмодерниот систем кој максимално ги намалува штетни честички и прашина при чистење на коловозите и пешачките патеки.
Овој модел на возило „Брако“ го продава во над 50 земји од светот.