БРАЌА ИЗБОДЕНИ СО НОЖ ПРЕД ТЕРЕТАНА ВО ЧАИР Сакале да спречат тепачка, завршија во болница

На самото место, увидна екипа на СВР Скопје извршила увид и, како што е наведено, пронашла бела прашкаста материја, која е испратена на понатамошна анализа.

2,865

Двајца браќа од Скопје завршија во болница откако синоќа се обиделе да прекинат пресметка меѓу три лица пред фитнес клуб во скопската општина Чаир. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил во саботата вечерта околу 21:45 часот.

Од СВР Скопје информираат дека 38-годишниот И.А. и неговиот брат А.А. (32) се обиделе да ги разделат лицата кои се тепале, но биле нападнати со остар предмет, по што се здобиле со убодни рани.






„На 1 јуни 2025 година, во 22:00 часот, од Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ во Скопје беше пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А. (38) од Скопје. Неговото повредување, како и на неговиот брат, се случило при обид да спречат физичка пресметка пред фитнес клуб во Чаир“, соопшти МВР.

Браќата биле веднаш пренесени во здравствените установи – И.А. во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а А.А. во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Во врска со случајот, во болницата подоцна се пријавил и 25-годишниот Б.Р. од Скопје, кој во службен разговор изјавил дека бил нападнат од А.А., додека пак браќата тврделе дека биле нападнати од Б.С. и А.С.

На самото место, увидна екипа на СВР Скопје извршила увид и, како што е наведено, пронашла бела прашкаста материја, која е испратена на понатамошна анализа.

„Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, идентификација на сите инволвирани лица и утврдување на мотивите“, велат од МВР.

Поврзани содржини