БОРИСОВ ПУШТЕН ОД ПРИТВОР Поддржувачите со овации го пречекаа лидерот на ГЕРБ (ВИДЕО)
Загрижен сум дека следниот пат ќе ме убијат, рече поренешниот премиер на Бугарија, мислејќи на апсењето.
Со извиците „Бојко, Бојко“ поддржувачите на ГЕРБ го пречекаа нивниот лидер Бојко Борисов, кој беше ослободен од притвор.
Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на прес-центарот на Советот на министри Севделина Арнаудова синоќа беа приведени и ноќта ја минаа во притвор.
– Ви благодарам многу, рече лидерот на ГЕРБ, кој беше опкружен со поддржувачи и пратеници на партијата. Борисов се ракуваше со некои од нив.
– Загрижен сум дека следниот пат ќе ме убијат – рече тој, мислејќи на апсењето.
– Не вратија во комунизмот, вечераме со децата, тие влегуваат. Откако истресоа сè, децата, каде спијат, кантите, открија дека нема ништо и јас мислев дека си заминуваат и викаат мораме да ве задржиме – изјави Борисов неколку минути по ослободувањето од притвор.
Немало распити, стана јасно од зборовите на поранешниот премиер. Ова го изјави неговата публицистка Арнаудова откако и таа излезе од притвор. Според неа, испитувањето траела до три часот наутро. Пронајдени и одземени се рекламни материјали и тефтер со името на Борисов.
– Во понеделник ќе поднесеме пријава за кривично дело сторено од премиерот Кирил Петков – изјави претходно адвокатот Менко Менков. Менков коментира и дека покренувањето на претходна постапка е апсолутно самоволие.
Адвокатот најави дека ќе поднесе жалба до обвинителството.
Во текот на денот тој рече дека не му биле доставени материјали за случајот и дека никој не го информирал.