Борисов му се јавил на Заев, паднал договор да не се одложува решението за спорот

Заев во телефонскиот разговор му се заблагодарил на Борисов за честитките што му ги искажал за неговиот реизбор за претседател на СДСМ, и му посакал успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија и просперитет на бугарскиот народ.

1,475

Одговорите на прашањата што се отворија меѓу нашите две земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство, се согласиле премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов во денешниот телефонски разговор.

„Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и дека во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ“, напиша Заев на својот фејсбук-профил.






Заев во телефонскиот разговор му се заблагодарил на Борисов за честитките што му ги искажал за неговиот реизбор за претседател на СДСМ, и му посакал успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија и просперитет на бугарскиот народ.

„Зборував по телефон со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Му честитав за реизборот за претседател на неговата партија и тој ми посака успех на претстојните парламентарни избори во Бугарија. Двајцата се согласивме дека одлуките што двете земји мора да ги донесат во духот на Договорот за добрососедство и пријателство не смеат да се одложуваат и во име на нашата заедничка историја и во името на нашата заедничка европска иднина“, наведува Борисов.

Поврзани содржини