Борисов: Ќе ги обезбедиме сите вакцини што ќе ги понуди Европската комисија

Повеќе од 100.000 луѓе се заразени со коронавирус во Бугарија, а над 2.800 починале.

228

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави денеска дека неговата Влада ќе ги обезбеди сите вакцини против ковид-19 кои ќе ги понуди Европската комисија, порачувајќи дека кризата мора да се надмине во следните месеци.

– Мораме да ја надминеме кризата во следните месеци. Стотици милиони луѓе се на товар на здравствениот систем, а лековите за кои зборуваме се плаќаат дополнително – истакна Борисов.






Тој го задолжи министерот за здравство да подготви план за вакцинација на сите ризични групи во Бугарија, кога одобрените вакцини ќе бидат достапни во земјата.

На Борисов во текот на денешниот работен состанок на Владата му биле презентирани извештаи за реорганизација на болниците, снабдувањето со лекови за борба против коронавирусот, преземените мерки за помош на работниците на првата линија на фронтот и за најранливите грпи на граѓани, се наведува во соопштението од кабинетот.

Борисов додаде дека во Бугарија моментно има 46.000 слободни кревети за активно лекување на пациенти и порача дека треба да се стави фокус на лицата со хронични болести, на кои треба да им се овозможи хоспитализирање.

Повеќе од 100.000 луѓе се заразени со коронавирус во Бугарија, а над 2.800 починале.

Поврзани содржини