Борис Џонсон: Животот им го должам на лекарите

637

Борис Џонсон изјави дека им го должи својот живот на здравствените работници кои го лекуваа од коронавирусот.

Во својата прва изјава откако пред неколку дена беше префрлен во болница поради влошување на симптомите на коронавирусот, 55-годишниот Џонсон им се заблагодари на медицинските лица од болницата „Сент Томас“ во Лондон, каде што продолжува да заздравува откако три ноќи помина на интензивна нега.






Ова следува откако Велика Британија ја надмина бројката од 10.000 починати од КОВИД-19, од кои 917 во последните 24 часа.

 

 

– Не можам да им се заблагодарам доволно на медицинските лица. Им го должам мојот живот – кажа Џонсон.

Од британската влада не кажаа кога тој би можел да се врати на работа, додавајќи дека му требаат време и простор за одмор.

САД вчера ја поминаа Италија како земја со најмногу смртни случаи од КОВИД-19, што сега изнесува повеќе од 20.500. Сите сојузни држави имаат прогласено состојба на катастрофа, а најлошо е во Њујорк, каде што има над 180.000 заразени, додека вкупната бројка за САД е повеќе од 530.000

Поврзани содржини