Борис Џонсон доживеа сообраќајна несреќа, објавена е снимка од ударот ВИДЕО

Британската полиција за инцидентот ги обвинила демонстрантите кои истрчале пред автомобилот во кој се возел премиерот.

2,132

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, денеска доживеал сообраќајна несреќа кога еден џип од неговото обезбедување удрил во возилото во кое се наоѓал Џонсон.

Британската полиција за инцидентот ги обвинила демонстрантите кои истрчале пред автомобилот во кој се возел премиерот.






Поради наглото кочење, џипот кој бил зад возилото на Џонсон се забил во автомобилот.

Полицијата веднаш ги уапсила демонстрантите , а премиерот и неговото обезбедување продолжиле по патот.

Засега не е потврдено дали Џонсон се здобил со повреди од ударот.

Поврзани содржини