Борел: Рестрикцијата на влез на граѓани во ЕУ е начин да се намали ширењето на Ковид-19

162

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна работи и безбедност Жозеп Борел синоќа изјави дека привремената мерка за рестрикција на влез на граѓани од трети земји во ЕУ е начин да се забави ширењето на новиот коронавирус.

„На овој начин ќе ја забавиме трансмисијата од други земји по враќање на патниците. Ова мерка е со цел да се заштитиме сите“, напиша Борел на Твитер.






Тој повика на глобална сорботка за решавање на предизвиците од пандемијата.

– Зачувување на меѓународниот мир, стабилност и безбедност сега е позначајно од кога било – истакна Борел.

Тој најави дека состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел следната недела ќе се одржи преку видео-конференција.

Поврзани содржини