БОРБА ПРОТИВ КРИМИНАЛ Е АПСЕЊЕ ЗА МИТО Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека законот важи за сите, а СДСМ ги саботира институциите

„Со тоа што саботираат делување на институции покажуваат дека и понатаму СДС и Венко Филипче бранат криминал. Но Венко е бастионот на криминалот во државата и уште 1.000 како Ислам Абази да има, нема да го спасат“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

0

Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито, тоа тешко го сфаќа СДСМ затоа што кај нив се крадеше од чистачка до премиер, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ дека „сите земаат мито, дури и возачите во владата“.

„Колегите од СДС очигледно ги помешале лончињата. Толку се заглибени во криминал што мислат сите се како нив. Па кога ќе се апсат митаџии и криминалци тие сакаат таа слика да ја претстават за сите. Уапсениот вработен се обидел да земе мито, и веднаш бил обработен од МВР, дадени бележани пари и сега е зад решетки и се води постапка за него. Да беше во време на СДС немаше ништо од ова да се знае, затоа што никој немаше да биде санкциониран, а тие пари одамна ќе легнеа кај некој од главешините на СДС.






Ова денес, низ овој и многу други примери се гледа дека има правна држава и дека владее законот за сите. Е тоа криминалецот Венко не може да го разбере. Не ја разбираме хистеријата со која настапува СДС. Со тоа што саботираат делување на институции покажуваат дека и понатаму СДС и Венко Филипче бранат криминал. Но Венко е бастионот на криминалот во државата и уште 1.000 како Ислам Абази да има, нема да го спасат“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев бил приведен под сомнение дека барал мито.

„Оваа Влада покажа дека се бори против криминалот секаде и против сите кои направиле незаконитост“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини