🎥📷 БОРАТ ГО ПОКАЖА МУСКУЛЕСТОТО ТЕЛО ЗА УЛОГАТА НА МЕФИСТО ВО МАРВЕЛ Саша Барон Коен откри 3 тајни на трансформацијата – Оземпик е една од нив

Саша Барон Коен му се заблагодари на својот личен тренер Алфонсо Морети за трпението и за напорот што го вложил во нивната кратка, но ефикасна дневна рутина. Морети ја сподели својата гордост од резултатите, истакнувајќи дека Коен доследно го следел планот и заслужено се најде на насловната на Men’s Fitness. „Од Борат до набилдан“, напиша тој, додавајќи дека целата приказна ќе биде објавена в петок.

321

Саша Барон Коен ги изненади фановите со насловната страница за британското издание на „Менс фитнес“ (Men’s Fitness), каде што позира со новоизградено мускулесто тело, трансформација што ја направил пред снимањето на сцените како Мефисто во светот на Марвел. Креаторот на „Борат“ го имаше својот деби настап како озлогласениот негативец во серијата на Disney+ „Ironheart“ на почетокот на летото, објави Варајети.

„Некои славни користат Оземпик, некои имаат лични готвачи, други, пак, тренери. Јас ги користев сите три. Ова не е вештачка интелигенција. Толку сум вљубен во себе што навистина го направив ова“, се пошегува Коен на својата објава на социјалната мрежа Инстаграм, споделувајќи фотографии без маица.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Men’s Fitness UK (@mensfitnessuk)

Во други објави напиша:

„Го претставувам новиот лик: маж во средни години кој ги заменил пивата со протеински шејкови… Формално ја лансирам својата средовечна криза“.

Тој му се заблагодари и на личниот тренер Алфонсо Морети „што го направил невозможното и го трпел по 25 минути дневно.

Морети, пак, на 23 јули ги сподели фотографиите од списанието на својот профил на Инстаграм и напиша дека „не може да биде погорд“ на Коен по нивната заедничка работа.

„Саша му веруваше на мојот процес и точно го следеше планот. Не само што постигна подобро здравје и физичка форма со неверојатен изглед… туку и… тој е на насловната страница на Men’s Fitness! Од Борат до набилдан – целата статија излегува во петок! Засега, уживајте во сликите. Кажете ми дека не изгледа неверојатно!“, напиша Морети.

Фановите на Марвел првично очекуваа Мефисто да се појави уште пред години во „WandaVision“, а Барон Коен отсекогаш бил на врвот на фан-листите за таа улога.

Поврзани содржини