„БОРА ВООПШТО НЕ Е ДОБРО, СЕ МОЛИМЕ“ Влошена здравствената состојба на Бора Ѓорѓевиќ, приклучен е на респиратор
Фронтменот на легендарната група „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (71) пред неколку дена беше хоспитализиран во болница во Љубљана, поради проблеми со белите дробови.
Фронтменот на легендарната група „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (71) пред неколку дена беше хоспитализиран во болница во Љубљана, поради проблеми со белите дробови. Бора добил пневмонија, а во меѓувреме, состојбата му се влошила.
Бора во саботата бил приклучен на кислород, а во неделата и на респиратор, откако неговото здравје значително се влошило.
Неговиот менаџер Бане Обрадовиќ ја откри оваа вест за српски „Ало!“.
– Бора во моментот е на респиратор поради компликации предизвикани од хронична опструктивна болест на белите дробови. Се надеваме на подобри вести во наредниот период – рекол менаџерот на Бора, Бане Обрадовиќ, а сега се огласи и блискиот пријател на Бора, Гале од групата „Кербер“, кој откри дека и самиот се слушнал со Бане и дека состојбата на Бора воопшто не е добра.
– Се слушнав денеска со неговиот менаџер. Бора не е добар, воопшто не е добар. Не би ја отворал премногу таа приказна, не гледам како би можел да се опорави. Тој е навистина голем борец, ние сме добри пријатели. Не можев да дојдам до него, навистина е болен, во болница е, во Словенија. Нема позитивни вибрации дека тоа ќе излезе на добро – рекол Гале за српските медиуми и додал:
– Се надевам и му се молам на Господ, но не е добро… Не се озборувања, ниту претерувања… Нашиот Бора навистина не е добро – додал Гале, кој бил на работ на солзи.
Бора Ѓорѓевиќ има проблеми со белите дробови, а состојбата значително му се влошила. Фронтменот на „Рибља чорба“ пред шест дена е задржан во болница во Љубљана поради проблеми со белите дробови.