„БОМБАШИТЕ“ СЕ ВРАТИЈА ОД СКИЈАЊЕ Повторно дојави за бомби во скопските училишта

Во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на осум училишта и тоа „Јосип Броз – Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Панче Арсовски“, „Михајло Пупин“, „Никола Карев“, „Арсеније Јовков“, „Орце Николов“ и „Владо Тасевски“ во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

553

Повторно има дојави за поставени бомби во осум скопските училишта, а ова е прв пат откако започна второто полугодие, појава што често се случуваше во текот на првото полугодие од оваа учебна година.

Според информациите на Независен, евакуирани се гимназијата „Орце Николов“, како и „Владо Тасевски“, според ученици и вработни во овие училишта.






Полицијата е на терен, ги евакуира учениците и вработените и ги проверува објектите за евентуално подметнат експлозив.

Како што информираат од МВР, денеска во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на осум училишта и тоа „Јосип Броз – Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Панче Арсовски“, „Михајло Пупин“, „Никола Карев“, „Арсеније Јовков“, „Орце Николов“ и „Владо Тасевски“ во Скопје е упатена закана за поставена бомба.

– Денеска (03.02.2023) околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот – се вели во соопштението од МВР.

Поврзани содржини