БОМБА ОД ИТАЛИЈА Милан го купува Енис Барди за 5 милиони евра?

Росонерите наводно веќе стапиле во контакт со агентот на македонскиот фудбалер и ќе направат сè за да го доведат Барди во своите редови.

996

Италијанскиот гигант Милан испратил понуда од 5 милиони евра до шпанскиот клуб Леванте за потписот на македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди, пренесува „Ел Чирингито“.

Росонерите наводно веќе стапиле во контакт со агентот на македонскиот фудбалер и ќе направат сè за да го доведат Барди во своите редови.






Барди игра одлично во Леванте и со својата добра игра го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа.

Но, неговиот клуб во моментов се наоѓа на последната позиција во првата шпанска фудбалска лига и најверојатно следната сезона ќе игра во втората шпанска лига, па Милан сака да ја искористи шансата и да го доведе Барди кој одлично би се вклопил во средниот ред на росонерите.

Инаку, тимот од Милано е во потрага по креативен играч, но и играч кој добро изведува слободни удари, особено откако Турчинот Хакан Чалханоглу неодамна потпиша за рутиот ривал Интер.

Затоа, челниците на Милан сакаат да го видат Барди во црвениот дрес уште веднаш, иако македонскиот репрезентативец веќе од јуни ќе биде слободен играч.

Поврзани содржини