„БОМБА“ ОД ХОЛИВУД Скарлет Јохансон го делела момчето со Катарина Радивојевиќ

Српската актерка и холивудската ѕвезда ги поврзуваат со ист маж - оскаровецот Бенисио дел Торо.

827
Планетарно популарната актерка Скарлет Јохансон конечно проговори за аферата во која била доведена во врска со нејзиниот холивудски колега, оскаровецот Бенисио дел Торо, за кој се тврдеше дека е поранешната голема љубов на српската актерка Катарина Радивојевиќ, поради што таа наводно и се преселила во САД.
Познатата српска актерка никогаш не ја потврди врската со атрактивниот Порориканец, но не ја ни демантираше, туку секогаш двосмислено одговараше на новинарските прашања. Дури и кога во медиумите се појави веста дека нејзината романтична врска со Дел Торо пропаднала поради, како што се наведуваше, несогласувања во однос на ставовите за животот и семејството.
– Моето правило гласи својата интима да ја задржам за себе и така ќе биде засекогаш. Во прашање е голема љубов од моја страна, но јас секогаш давам сѐ од себе во љубовта. Ме поврзуваа со разни мажи и не ми беше секогаш лесно да се справам со тоа, но не можев да одговорам на шпекулациите откривајќи со кого сум во врска – таинствена беше тогаш Радивојевиќ, која сега повторно е во центарот на вниманието откако Јохансон се огласи за наводната афера со Дел Торо, која ни помалку ни повеќе, ја разгоре токму тој актер.
Имено, пред речиси 20 години, за време на еден настан, Дел Торо нејасно одговорил на контроверзното прашање на новинарот: „Дали е вистина дека по доделувањето на наградите сте имале секс со актерката Скарлет Јохансон во лифтот?“.
Тој прво го повторил прашањето неколкупати, а на крајот дал неодреден одговор.
– Дали по доделувањето на наградите имав секс во лифт со Скарлет Јохансон?! Ми се допаѓа… знаеш, јас… па… не знам. Да го оставиме тоа некој да фантазира! Ајде да не го промовираме. Сигурен сум дека тоа се случувало и порано. Можеби не е последен пат – изјавил Дел Торо во интервју за магазинот „Ескваер“ во 2005 година, а целата приказна ја пренесоа многу портали, меѓу кои и „Мирор“, алудирајќи на тоа дека аферата сигурно се случила.

Дури години подоцна Скарлет реши да ги коментира тие наводи, конечно ставајќи крај на сѐ.

– Кога си познат и популарен, луѓето ќе измислат сѐ за тебе. Веќе подолго време кружат гласини дека сум имал секс во лифт. Тоа беше приказна што ме следеше долго време. Но, секогаш мислев дека тоа е неверојатно и невозможно. Секогаш размислував дека тоа ќе биде тешко изведливо. Тоа е и многу краток период. И самата идеја за тоа ми звучи непривлечно – рекла Јохансон и истакнала дека таа е жена која пред сѐ, ја цени приватноста.

– Јас сум личност кој се плаши да не биде фатена како прави нешто што не е правилно. Така што, што се однесува до мене, тоа е сосема апсурдно – изјавила Скарлет, а пренесува Buzzfeed.com.

 






Поврзани содржини