БОЛТ ЈА ИСМЕВА СПОРЕДБАТА НА МБАПЕ СО НЕГО Јамајканецот вели дека девојките трчаат побрзо од францускиот фудбалер

Кога Мбапе ќе спореди со времето на женските атлетичарки би бил рангиран на 63. место. Но, спринт патеката и фудбалскиот терен се различни и брзината на Мбапе секако е за почит.

252

Пари Сен Жермен во вторникот го потврди својот пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите со вториот триумф против Реал Сосиедад.

Два гола на оваа средба постигна Килијан Мбапе кој го привлече вниманието и со еден спринт со истрчувањето сто метри за 10.9 секунди. За еден фудбалер тоа е навистина брзо, а се споменуваше и дека се приближил на славниот рекорд на Усаин Болт на сто метри (9.58 секунди).






Сега во јавноста со свој коментар се огласи и Јамајканецот.

„Кога ја видов информацијата за спринтот на Мбапе ме насмеа. Па, девојките трчаат побрзо“, прокоментирал Болт.

Иако звучи смешно, оваа констатанција на Болт и не е далеку од вистината. Имено, кога Мбапе ќе спореди со времето на женските атлетичарки би бил рангиран на 63. место. Но, спринт патеката и фудбалскиот терен се различни и брзината на Мбапе секако е за почит.

📽️ 📷 МБАПЕ КАКО „БРЗИОТ ГОНЗАЛЕС“ Французинот со топка трчаше само секунда побавно од рекордот на Јусеин Болт

Поврзани содржини