Болидите на Мекларен „појачани“ со боите на „Гулф Оил“ (ФОТО)
Историските бои на Гулф, светло сина и портокалова, се историски поврзани со болидите и сега ќе бидат на болидите на Даниел Рикардо и Ландо Норис. Кацигите на двајцата возачи ќе бидат во боите на партнерот Минд.
Мекларен потпиша повеќегодишен договор со Гулф Оил во Хули откако претходно соработуваа од 1968 до 1973 година, а и на Ле Ман во 1990-тите.
Историските бои на Гулф, светло сина и портокалова, се историски поврзани со болидите и сега ќе бидат на болидите на Даниел Рикардо и Ландо Норис. Кацигите на двајцата возачи ќе бидат во боите на партнерот Минд.
– Мајк Џонс и јас се познаваме некое време и одамна сакаме да направиме вакво нешто, бидејќи боите на Гулф се легендарни. Побаравме од дизајнерскиот тим да направи нешто посебно и тие го испорачаа тоа – изјави Зек Браун.
Боите ќе бидат прикажани на првиот тренинг во четврток.
– Тоа што го направивме со Мејкларен во јули кога сè уште бевме во локдаун ни помогна да сфатиме дека социјалните медиуми се вистински избор. Имаме фанови кои прават сами шари и ни ги праќаат лично на мене и на Зек. Мислам дека е фер да се каже дека и еден од возачите сакаше ова да се случи. Има многу историја меѓу Гулф и Мекларен – изјави Мајк Џонс од Гулф Оил.