БОЛДВИН ТУЖИ ЗА ЗЛОНАМЕРНО ГОНЕЊЕ Тврди дека обвинителите намерно постапувале погрешно со доказите

196

Американскиот глумец Алек Болдвин поднесе граѓанска тужба за злонамерно гонење и повреда на неговите граѓански права, во врска со ненамерното убиство на снимателката Халина Хачинс, за време на снимањето на филмот „’Рѓа“.

Обвинението беше поднесено вчера пред Окружниот суд во Санта Фе, Ново Мексико, САД, којшто во јули го отфрли обвинението за убиство од небрежност против Болдвин.






Холивудскиот глумец во тужбата тврди дека обвинителите и истражителите намерно постапувале погрешно со доказите додека го воделе случајот.

Поврзани содржини