Боки: Овде сум на Шарена револуција со чанта „Пјер Карден“

Боки прикажа фотографии сликани во Белград, Милано, Париз, Скопје.

749
Два и пол часа Бојан Јовановски Боки 13-ка презентира фотографии од својот профил на Инстаграм на рочиштето за предметот „Рекет“ како докази дека запленетата гардероба при претресот во неговиот дом во јуни лани, не била купена како што тврди Обвинителството, откако го сторил рекетот, туку дека била купена или подарена во текот на 2013 и сѐ до 2016 година.

Тој како што ги листа фотографиите така и ги коментира, објаснува што носи на себе, а кажува и каде и кога биле направени фотографиите. Па така прикажа фотографии сликани во Белград, Милано, Париз, во Скопје на Шарената револуција каде што објасни дека носи чанта „Пјер Карден“, но покажа слики и од други чанти од познати светски брендови, чизми, блузони, панталони, сакоа, наметки , очила, џемпери што му ги запленило обвинителството, иако како што тврди Боки биле купувани во 2015 и во 2016 година.

– Овде сум на Шарена револуција со „Пјер Карден“ торба. Овде сум во Париз, носам „Гучи“ папучи, „Гучи“ торба, 15 мај 2016 година е направена фотографијата. Овде се други папучи „Гучи“ кои исто така се одземени. Сето ова ми беше одземено брутално и вандалски од страна на Обвинителството при претресот на мојот дом – рече Боки на презентацијата на фотографиите денеска во судницата.

Поврзани содржини