Боки 13 загуби на суд против Систина! Треба да плати долг од 11.000 евра!
Сето се случувало во периодот од 12.1.2019 година до 18.1. 2019 година.
Боки 13 загуби на суд против Клиничката болница Аџаибадем Систина, па сега ќе мора да плати долг во висина од 11.000 евра.
Инаку, тужениот Бојан Јовановски бил корисник на здравствените услуги на тужителот за што му била изготвена фактура во висина од 634.251,00 денари. Сето се случувало во периодот од 12.1.2019 година до 18.1. 2019 година. Фактурата му била испорачана со препорачана пратка, но тужениот не ја исполнил својата обврска кон тужителот.
Бојан во Клиничката болница замина на операција за стеснување на желудникот, со намера да најде решение за долгогодишната борба со вишокот килограми.