БОКИ-13 СТРАВУВА ОД ОДМАЗДА ВО ЗАТВОРОТ Неговиот тим бара од Судскиот совет ревизија на неговиот случај
Потсетуваме дека Јовановски веќе алармираше дека е мета на невидена и незапаметена тортура, која исто така, влијае на неговото здравје – велат адвокатите на Бојан Јовановски, алијас Боки-13.
Правниот тим на Бојан Јовановски попознат како Боки-13 информира испрати барање за вонреден надзор и контрола од страна на Судскиот совет, зашто стравува од дополнителна тортура откако објави обвинувања дека е фалсификувано решение од Кривичниот суд, а потоа е вратен во КПУ Идризово во предканцерогена и видно влошена здравствена состојба.
Јовановски извести дека бара и вонреден надзор на АКМИ-системот, тврдејќи дека тој е злоупотребен, како и ревизија и на сите судски решенија за неговото барање за прекин на издржување на казната поради влошена здравствена состојба.
„Потсетуваме дека Јовановски веќе алармираше дека е мета на невидена и незапаметена тортура, која исто така, влијае на неговото здравје. Враќањето на Јовановски во пенални услови и во ваква здравствена состојба не претставува само грубо кршење на неговите права, туку и опасност за неговиот живот. Јовановски очекува тортурата кон него да биде поинтензивна и поради сите јавни објави. Ја повикуваме јавноста будно да го следи процесот кој тој го иницираше“, се вели во соопштението.