Боки 13 и Фросина Ременски на обвинителна клупа за измама на бизнисмени

Обвинетите Бојан Јовановски, заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, Фросина Ременски, асистентката на Боки Христина Блажевска и таткото на Боки Миле Јовановски треба да се произнесат дали се виновни.

1,087

Во Основниот кривичен суд во Скопје се очекува рочиште за предметот кој се однесува на невладината организација Меѓународен сојуз – Скопје, на Бојан Јовановски – Боки 13.

Обвинетите Бојан Јовановски, заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, Фросина Ременски, асистентката на Боки Христина Блажевска и таткото на Боки Миле Јовановски треба да се произнесат за вина. Како правно лице обвинета е и невладината организација.






Обвинителството тврди дека двајца бизнисмени биле доведени во заблуда и измамени преку проекти за изградба на европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку Македонската авторска агенција исплатиле речиси еден милион евра, едниот сума од 719.905, а другиот 233.821 евра. За Јовановски ова се небулозни тврдења на обвинителството и уште еден конструиран случај.

На првото рочиште одржано на 1 јули Јовановски и Ременски побараа изземање на обвинителката Вилма Русковска од овој предмет. За ова барање денеска треба да се произнесе републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Поврзани содржини