Генералниот директор на „Боинг“, Дејвид Калхун најави денеска спроведување на план за доброволно заминување на вработени, со цел компанијата да ги надмине последиците од новиот коронавирус и да се подготви за зајакнување по завршувањето на здравствената криза.
– Преземаме мерки, вклучувајќи и план за доброволни напуштања на работните места… Овие мерки ќе доведат до стабилизирање, под услов да не се соочиме со други предизвици – им напиша Калхун на сите вработени во авиокомпанијата.
Воздухопловниот сектор е меѓу првите економски жртви на Ковид-19, а „Боинг“ беше во криза и поради авионот 737 Макс, на кој му е забрането летање по двете авионски несреќи во кои загинаа 346 луѓе.