БОГОРОДИЦА И МЕЏИТЛИЈА БЛОКИРАНИ, НА ДОЈРАН КОЛОНИ Грчките земјоделци не запираат со протестите

На грчката страна се паркирани стотици трактори, а земјоделците периодично го затвораат и автопатот Солун - Атина, што дополнително ја отежнува состојбата за транзитниот сообраќај.

0

Сѐ уште е активна блокадата на речиси сите гранични премини со Грција. Граничниот премин „Евзони“ кај Богородица од 11 часот е целосно блокиран за влез и излез, па патниците кон јужниот сосед воопшто не можат да поминат на овој правец.

Ситуацијата не е многу подобра ниту на преминомт „Ники“ (Меџитлија) кај Битола. Таму сообраќајот е во прекин за товарни возила и автобуси, додека патничките автомобили сè уште се пропуштаат. Единствен релативно непречен излез кон Грција во овој момент останува граничниот премин „Дојран“, но и таму се очекува зголемен интензитет и можни задржувања поради пренасочување на дел од сообраќајот.






Блокадите на Евзони и Ники се дел од пошироките протести на грчките земјоделци, кои деновиве со трактори и механизација поставија повеќе од десет блокади низ Грција, меѓу кои и на клучните гранични премини кон Македонија. На грчката страна од Евзони се паркирани стотици трактори, а земјоделците периодично го затвораат и автопатот Солун–Атина, што дополнително ја отежнува состојбата за транзитниот сообраќај.

АМСМ информира дека, и покрај проблемите на границата, сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини и без подолги задржувања на останатите гранични премини од македонска страна. Сепак, возачите се повикуваат на трпение и внимателно планирање, особено оние што патуваат кон Грција или транзитираат преку нашиот јужен сосед.

СЕ ШИРИ ПРОТЕСТНИОТ БУНТ ВО ГРЦИЈА Трактори стигнаа и до Крит, најавена блокада и на пристаништето во Волос

 

Поврзани содржини