БОГОЈЕСКИ НЕМА КОМЕНТАР ЗА КРИВИЧНАТА ОД ВРЕДИ Претседателот на Македонски концепт даде изјава пред ОЈО

За поднесената денешна кривична пријава од страна на Коалицијата Вреди, претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески, не сакаше да ја коментира бидејќи, како што рече, не знае од кого доаѓа.

817

Претседателот на политичката партија Македонски концепт, Петар Богојески, денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за, како што кажа, повеќе инкриминирачки дела против политичари Албанци.

Богојески соопшти дека до Обвинителство и до МВР се поднесени докази – медиумски изјави од политичари кои припаѓаат на албанската етничка заедница и од социјалните мрежи каде што, како што рече, целосно се омаловажува Македонија, се оспорува постоење на македонскиот народ, македонскиот јазик и на македонската држава. Богојески не спомена имиња на политичари против кои поднеле кривична пријава оти ОЈО процесуираат и за да не испадне, како што рече, дека тие некого осудуваат пред воопшто да се направи судска постапка.






За поднесената денешна кривична пријава од страна на Коалицијата Вреди, Богојески не сакаше да ја коментира бидејќи, како што рече, не знае од кого доаѓа.

На новинарско прашање дали смета дека ова ќе има политички последици бидејќи се коалициски партнери, Богојески истакна дека врз неговата партија има негативни последици.

– На нас не ни се коалициски партнери, ние сме дел од Коалицијата Твоја Македонија. Непосредно ни се владини партнери. Поведението на Влен, барем врз нашата партија, има негативни последици. Има жестоки реакции од наши членови, симпатизери и поддржувачи и од пошироката јавност бидејќи луѓето сметат дека нивното однесување не е ништо поразлично од она на ДУИ и тоа не загрижува – рече Богојески.

Во врска со приватното патување на претседателот на Собранието Африм Гаши во Косово, Богојески нагласи дека поголем проблем е и загрижува информацијата од МВР дека „биле шверцувани лица со службени возила кои не биле пријавени на граничен премин“.

 

ГИ НАРЕЧЕ АЛБАНЦИТЕ СО ПОГРДНОТО ИМЕ Вреди му стегна кривична пријава на Петар Богојески за ширење говор на омраза

Поврзани содржини