Богдановиќ ова лето ќе реконструира вкупно 37 улици во Центар
Станува збор за реконструкција на коловозот и тротораите на улиците: Петар Поп Арсов, Рајко Жинзифов, Дебарца, булеварот Партизански одреди, потоа улиците Ристо Шишков, Црвена Вода и Јордан Хаџи Константинов – Џинот.
Општина Центар летово ќе реконструира седум улици, тендерот за реализација на активноста веќе е подготвен.
Станува збор за реконструкција на коловозот и тротораите на улиците: Петар Поп Арсов, Рајко Жинзифов, Дебарца, булеварот Партизански одреди, потоа улиците Ристо Шишков, Црвена Вода и Јордан Хаџи Константинов – Џинот.
– Со реконструкциите на овие седум улици ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во општината, ќе се намали сообраќајниот метеж и ќе се зголеми безбедноста на пешаците, велосипедистите, корисниците на алтернативни средства за транспорт и останатите учесници во сообраќајот – велат од Општина Центар.
Од општината информираат дека до крајот на летото вкупно ќе бидат реконструирани 37 улици, а согласно планот за работа, наредни за реконструкција се улицата Елисие Поповски – Марко и улицата Мирослав Крлежа.