Богати њујорчани изнајмуваат луѓе кои наместо нив ќе чекаат во ред за тестирање
Тоа веќе го направив отприлика пет пати. Еден ден стоев во два реда, секој ден добивам упатства и доста сум зафатен – вели еден од чекачите.
На Тикток викендов е објавено видео во кое се огласува услуга во која некој наместо вас ќе чека во долгите редови за тестирање на коронавирусот.
Сега веќе избришаното видео објаснува како лица кои би сакале да изнајмат некого со часови да чека помеѓу потенцијални зарзени, треба да ја користи апликацијата TaskRabbit , платформа за вработување на лица кои работат сѐ што вие не сакате.
Богати жители на Њујорк изнајмиле луѓе кои наместо нив ќе чекаат во ред за тие без чекање да можат да се тестираат.
Некои чекањето во ред го наплатуваат и до 80 долари од час, пишува Њујорк Пост.
– Тоа веќе го направив отприлика пет пати. Еден ден стоев во два реда, секој ден добивам упатства и доста сум зафатен – вели еден од чекачите.
Многумина не се согласуваат со ваквата пракса, а едно лица за Time Out вели дека тоа не може да го сфати.
– Ова отвора работни места на тие кои ги изгубиле поради пандемијата. Ако се одлучат да чекаат за други и за тоа да бидат платени, тоа е нивна одлука. Редиците се долги поради лошиот пристап и недостиг на организација- вели една од чекачите.