Зграда од 21 кат се урна денеска во Лагос, во Нигерија, и засега не се знае колку луѓе останале под урнатините или колку жртви има, иако се стравува дека бројот на загинатите е голем, јави Си-Ен-Ен.
Зградата се наоѓала во богатиот градски кварт Икоџи, каде што се градат луксузни апартмани.
-Мислев дека е земјотрес, кога набрзина излегов од мојот стан нешто по 15 часот. Почувствував како зградата се движи и знаев дека нешто не е во ред – изјави за Си-Ен-Ен, Олу Апата, кој живее во близина и е претседател на нигериската адвокатска комора.
Апата додаде дека зградата била во градба во последните две години и дека инвеститорот претходно бил на средба со потенцијалните купувачи.
На видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето го гледаат местото на несреќата и купиштата искршени бетонски плочи. На една снимка се гледа дека по уривањето на објектот се крена голем облак прашина кој ја прекри населбата.
Еден експерт тогаш изјави за Си-Ен-Ен дека во Лагос е загрозени повеќе од 1.000 згради.
Breaking: Reports of people trapped after a 21 story building under construction collapsed in Lagos, Nigeria. pic.twitter.com/6KnzrfxlYu
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) November 1, 2021