Бочварски: Ќе постапиме веднаш кога ќе добиеме елаборат за суспензија на ДУП-от од Општина Центар

Додека  не добиеме  барање за суспензија или елаборат за суспензија ние немаме предмет  по кој ќе постапуваме.

365

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека службите на Министерството ќе постапат веднаш доколку Општина Центар до нив достави елаборат за суспензија на спорниот ДУП за парцелите спроти „Холидеј Ин“ каде треба да се градат висококатници.  Досега од општината испратиле само прашалник како да се изработи елаборатот.

Законот за урбанистичко планирање, повтори денеска Бочварски, е јасен, односно деталните  урбанистички планови се сопственост на општините.






– Во моментот кога ќе го добиеме барањето од која било општина, дали е Центар или која било, во рок од 15 дена  ќе се изјасниме  во однос на суспензија на тој план, тоа е наше мислење коешто се враќа во Советот на матичната општина и потоа гласат советниците. Додека  не добиеме  барање за суспензија или елаборат за суспензија ние немаме предмет  по кој ќе постапуваме. Не знам зошто се создава слика дека некој нешто избегнува да одговори или јавноста не е запознаена, или се создава некаква забуна кога реков и повторувам  дека во моментот кога ќе се добие тој елаборат ќе ја информирам јавноста секако и ќе постапиме во законскиот рок за потоа да го вратиме предметот во општината да си се изјасни – изјави Бочварски.

 

Поврзани содржини