Бочварски: Браната на река Отиња ќе почне да се гради во јуни

Проекциите на Владата која целосно ќе го финансира овој проект од државниот буџет изнесуваат над седум милиони евра.

424

Доколку целата тендерска постапка оди според предвиденото во јуни се очекува да стартува изградбата на брана на река Отиња, капитален проект за Општина Штип, најави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

– Во однос на ова прашање, ние го поминавме последниот чекор, електронската аукција, во моментов течат роковите за жалба, штом ќе завршат тие рокови и завршувањето на сите постапки, сметам дека тоа би се случило многу скоро и секако ќе излезам и ќе ја информирам јавноста. Ова е најзначајниот, најголемиот проект за Општина Штип – вели Бочварски.






Забележа дека во буџетот има издвоено пари за браната на река Отиња, а веднаш по изборот на градежна компанија ќе стартуваат и градежните работи. Проекциите на Владата која целосно ќе го финансира овој проект од државниот буџет изнесуваат над седум милиони евра.

Поврзани содржини