БОЈЛЕР УСМРТИ ТИНЕЈЏЕР Загина 14-годишно момче во Маврови Анови

Малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во населбата Маврови Анови, информираат од СВР Тетово.

862

Во Полициско одделение Маврово, вчера околу 18 часот, 55-годишната Д.Ѓ. пријавила дека нејзиниот малолетен син починал.

„Според пријавата, малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во населбата Маврови Анови“, информираат од СВР Тетово.






Неофицијално, се работи за 14-годишно момче.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Поврзани содржини