БЛОКИРАН ПАТОТ ВЕЛЕС – СКОПЈЕ На обиколницата кај Хиподром има сообраќајка

Полицијата соопшти дека патничко моторно возило „хонда џип” со скопски регистарски ознаки изутрината излетало од патот на клучката Хиподром кон обиколницата.

540

Патниот правец Велес – Скопје (по Обиколница) кај Хиподром е блокиран поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ.

Полицијата соопшти дека патничко моторно возило „хонда џип” со скопски регистарски ознаки изутрината излетало од патот на клучката Хиподром кон обиколницата.






Нема информација за повредени лица.

АМСМ информира и дека поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поврзани содржини