БЛОКИРАМЕ ПОТКУП НА МЕДИУМИТЕ Апасиев и Крмов поднесоа 1.300 амандмани во Собранието

Нашите пратеници нема да дозволат јавниот простор и слободната мисла да бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим, наведено е во соопштението од Левица.

497

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, поднесоа вкупно 1.300 амандмани до собранискиот архив за измените на Законот за аудио-визуелни медиумски услуги со што се одложи седницата на собраниската Комисија за транспорт и врски.

Според партиското соопштение, со овој чин ќе се помогне, како што велат, недемократското и авторитарно дејствување на властите.






„Оваа материја требаше да се најде пред собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија во 12 часот, но седницата на комисијата е одложена поради амандманската блокада на Левица. Нашите пратеници нема да дозволат јавниот простор и слободната мисла да бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим“, наведено е во соопштението од Левица.

Поврзани содржини