БЛОКАДИТЕ СЕ БУГАРСКА ПОЛИТИКА ШТО ТРАЕ СО ДЕЦЕНИИ Ако бидеме трпеливи ќе победиме

Сме покажале дека знаеме да победуваме, ќе победиме и овој пат, само замолувам за трпение - изјави премиерот Мицкоски во одговор на прашање во врска со Акцискиот план за малцинства, кој е блокиран од страна на Бугарија.

0

Премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за причините за блокадата на акцискиот план за малцинства од страна на Бугарија, денеска изјави дека претпоставува оти „тоа е политика што трае со децении“, а претходните политички елити тоа не го препознале и направиле големи проблеми, кои Владата сега ги решава еден по еден.

– Не знам. Тоа прашање ќе треба ним да им го поставите затоа што, претпоставувам, таа политика трае со децении. Не е тоа политика што е од денес почната, за жал, некои претходни политички елити кај нас тоа не успеаја да го препознаат и беа кратковиди и, претпоставувам, лекомислени или се водеа од личните интереси мислејќи дека ако потпишат бел лист хартија, сите проблеми ќе бидат решени. Тоа така не оди во реалниот свет и во реалната политика. За жал, направија големи проблеми и ќе треба овие проблеми да ги решаваме и ги решаваме еден по еден. Но, ќе се бориме, впрочем тоа е нашата задача, да се бориме. Ништо во животот не доаѓа бргу и лесно, за сè треба да се изборите и да победите. Сме покажале дека знаеме да победуваме, ќе победиме и овој пат, само замолувам за трпение – изјави Мицкоски, кој присуствуваше на отворање на нова фабрика на „Макпрогрес“ во Виница.






Премиерот Мицкоски, завчера изјави дека Акцискиот план за малцинства е готов, усогласен со експерти од Европската комисија и неофицијално е усогласен со дваесет и шест земји-членки, освен со една.

 

АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА Е ГОТОВ Усогласен е со 26 земји-членки на ЕУ, освен со една

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани содржини