БЛОКАДАТА НА ДУИ НЕ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Мицкоски не гледа криза во Собранието

Не мислам дека тоа претставува каква било криза. Ќе ве потсетам дека на скали избраа претседател на Собранието - рече Мицкоски.

129

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека блокадата на носењето закони со Бадентер во Собранието од страна на ДУИ не може да предизвика предвремени парламентарни избори. Мицкоски рече дека не гледа криза и дека власта има стабилно мнозинство.

– Не. Не гледам криза. Ние имаме стабилно мнозинство. Не мислам дека тоа претставува каква било криза. Ќе ве потсетам дека на скали избраа претседател на Собранието – рече Мицкоски.






Со процедурални забелешки ДУИ го блокира носењето закони во Собранието пред одморите. Иако заврши расправата за некои закони за кои беше потребно Бадентерово ммнозинство, односно гласање на пратениците од немнозинските заедници, како за Законот за правичната застапеност, на пример, за нив не се гласаше.

Поврзани содржини