БЛОКАДА НА РАТИ Одложувањето на ветото е рефлексија на сервилната политика што ја води македонската влада

Коментарот на бугарскиот премиер е само рефлексија на една неконзистентна и би рекол сервилна политика која што ја гледаме кај македонската влада во изминативе 3-4 години. Колку повеќе сте сервилни, толку повеќе ве притискаат, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

206

Изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков за одложување на ветото е само рефлексија на неконзистентната и сервилна политика што ја води македонската влада и неместо да понуди решение, нуди блокада на рати, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

– Коментарот на бугарскиот премиер е само рефлексија на една неконзистентна и би рекол сервилна политика која што ја гледаме кај македонската влада во изминативе 3-4 години. Колку повеќе сте сервилни, толку повеќе ве притискаат. И овој став на бугарскиот премиер не е решение, туку е само една, би рекол, блокада на рати. Најавена блокада која што нема да се случи еднаш, туку ќе се случува десет пати во следните 10 години и затоа сметам дека Македонија треба да има поцврст став и да изградиме една национална заедничка линија – потенцираше Милошоски.






Тој исто така го повика премиерот Ковачевски наместо да се крие позади министерот за надворешни, да оди во Собранието и да ги презентира документите кои се преговараат со Софија со цел да се изгради посериозен став околу ова прашање.

– Уште еднаш користам прилика, премиерот Ковачевски да не се крие позади министерот за надворешни работи, туку да дојде во Собрание и на затворена седница да ги покаже нацрт-документите кои што ги преговараат со Софија за да можеме сите како народни избраници да изградиме заедничка линија и да имаме посериозен став кон Софија. Колку ќе бидеме посериозни толку повеќе ќе не почитуваат. Ако бидеме по сервилни само ќе ги одлагаме овие блокади и понижувања коишто станаа преголем товар – додаде Милошоски.

Поврзани содржини