БЛИЗУ 15 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ДОБИЈАТ ГРАЃАНИТЕ ОД ПОВРАТ НА ДДВ Кај компаниите се вратени 500 милиони евра од ДДВ

Директорката на УЈП вели дека кај некои граѓани можно е да има застој во исплатата, но тоа се должи на технички проблеми кои не зависат од УЈП, како што е на пример невалидна трансакциска сметка. 

0

Заклучно со вчера исплатени се 552 милиони денари (8,9 милиони евра) на сметките на граѓаните по основ на Мој ДДВ, а подготвени се налози за исплата на уште 370 милиони денари (околу 6 милиони евра), информира денеска директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова.

Кај некои граѓани можно е да има застој во исплатата, но тоа, според Петрова, се должи на технички проблеми кои не зависат од УЈП, како што е на пример невалидна трансакциска сметка.






–  Процесот за Мој ДДВ е во тек. Сега треба да се реализира повратот за третиот квартал заклучно со 30 септември. За да започнеме со обработка на налозите почнуваме после поднесување на пријавите во септември. Може да дојде до определени застои кај некои физички лица за кои не е валидна трансакциската сметка што ја поднело лицето, односно технички проблеми кои не зависат од УЈП – појаснува Петрова.

Во однос на повратот на ДДВ за компаниите, заклучно со вчера реализиран е поврат од скоро 500 милиони евра. Петрова вели дека тоа е континуиран процес и дека налозите се изготвуваат за оние компании кои не се ризични, додека кај некои компании процесот трае подолго затоа што мора да се направат надворешни контроли.

–  Околу половина од дополнително утврдените даноци што не биле правилно пресметани и правилно пријавени од страна на даночните обврзници се однесуваат за ДДВ. Кажав дека имаме околу 60 милиони евра дополнително утврдени даноци во периодот јануари – октомври, од нив околу половина се однесуваат на Данокот на додадена вредност што значи дека мораме да ги правиме даночните контроли бидејќи на тој начин штитиме од буџетот да не се исплатат неосновано пари – вели Петрова.

Таа додаде дека секоја контрола зависи од големината на компанијата и дека некогаш е потребно и проширување на контролата.

Во однос на реализацијата на планот кај даноците, Петрова вели дека за периодот јануари-октомври имаат успешна реализација од околу 99% кај данокот на додадена вредност и околу 95% кај данокот на добивка. Кај данокот на личен доход, каде има помала реализацијата во однос на планираното, Петрова вели дека имаат многу активности што се во тек, а со кои очекува да се подобри реализацијата и во овој дел.

Поврзани содржини