ДАНОЧНИЦИТЕ ОДАТ ПО ДРЖАВНОТО Близу 14.000 фирми не платиле придонеси или данок на добивка, следи присилна наплата

Според УЈП, дел од неплатените аконтации може да бидат подмирени преку пребивање со даночни побарувања, но тоа не ги исклучува законските обврски и потребата тие да се сервисираат во рок.

421

Управата за јавни приходи (УЈП) најави присилна наплата од фирми кои не ги подмириле обверските кон државата за јули.

– Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец- информираат од УЈП.






Според УЈП, дел од неплатените аконтации може да бидат подмирени преку пребивање со даночни побарувања, но тоа не ги исклучува законските обврски и потребата тие да се сервисираат во рок.

Оттаму информираат и дека во текот на вчерашниот ден се доставени персонализирани известувања до сите обврзници со неплатени обврски со апел веднаш да го извршат плаќањето по што ќе селди присилна наплата.

Поврзани содржини